Kontakti

 

ВАБО, Штип е текстилна компанија посветена кон изработка на атрактивни модели од женска колекција , со пријатно чувство на мекост и удобност во носењето.

Веќе 10-тина години остваруваме успешна соработка со нашите партнери од текстилната индустрија, која во моментов, се базира на принципите на лон производство.

Низ десет-годишниот развој, нашата компанија израсна од фирма со само 48 вработени лица, во позната текстилна компанија со повеќе од 150 вработени. ВАБО делува на простор од 2000 м 2 , во сопственост на г-дин Ванчо Богдов (линк до негова слика) , сопственик и генерален директор на компанијата.

На овој простор се лоцирани административната зграда, производниoт погон и магацинскиот простор на компанијата.

Клучот на нашиот успех е сочинет од четири фактори:

•  Клиентот е секогаш на прво место

•  Квалитетни производи

•  Професионален тим

•  Навремен одговор на барањата на нашите партнери

Менаџмент тимот на ВАБО, покрива различни области на делување, но сите ја имаат истата цел, одржување на концептот на ВАБО - Партнер за долгорочна соработка за производство на женска колекција и креирање на сопствен бренд.

За таа цел, ние креираме одговорни и мотивирани тимови, кои постојано се едуцираат во насока на постојано унапредување на производството.

Однесувањето на жената, нејзините потреби и однос кон облекувањето е процес на константно набљудување и имплементација во развојните процеси на ВАБО.

Тоа е дел од мисијата - создавање на околина за слободен израз на иницијативи и идеи, за наш развој во однос на домашниот и странскиот пазар.