Lokacija
ВАБО, Штип е текстилна компанија посветена кон изработка на атрактивни модели од женска колекција , со пријатно чувство на мекост и удобност во носењето. Веќе 10-тина години остваруваме успешна соработка со нашите партнери од текстилната индустрија, која во моментов, се базира на принципите на лон производство. Низ десет-годишниот развој, нашата компанија израсна од фирма со само 48 вработени лица, во позната текстилна компанија со повеќе од 150 вработени. ВАБО делува на простор од 2000 м 2 , во сопственост на г-дин Ванчо Богдов (линк до негова слика) , сопственик и генерален директор на компанијата. На овој простор се лоцирани административната зграда, производниoт погон и магацинскиот простор на компанијата. Клучот на нашиот успех е сочинет од четири фактори: Клиентот е секогаш на прво место Квалитетни производи Професионален тим Навремен одговор на барањата на нашите партнери Менаџмент тимот на ВАБО, покрива различни области на делување, но сите ја имаат истата цел, одржување на концептот на ВАБО - Партнер за долгорочна соработка за производство на женска колекција и креирање на сопствен бренд. За таа цел, ние креираме одговорни и мотивирани тимови, кои постојано се едуцираат во насока на постојано унапредување на производството. Однесувањето на жената, нејзините потреби и однос кон облекувањето е процес на константно набљудување и имплементација во развојните процеси на ВАБО. Тоа е дел од мисијата - создавање на околина за слободен израз на иницијативи и идеи, за наш развој во однос на домашниот и странскиот пазар. |
|
|